Tag: пораки за роденден
-
Јас сум на болница…
Еј што правиш арен си? Јас сум на болница, не е ништо страшно. Ми најдоа камен во жолчката, песок во бубрегот, а тебе во срцето.
-
Подарок огромен ти…
Пријатели се оние кои доаѓаат, кога сите си одат. Пријатели се тие кои те насмевнуваат. И во овој убав ден, на овој весел ден, твојот роденден, подарок огромен ти дарувам, и искрено те поздравувам. Среќен роденден!
-
Роденденска порака…
Нека оваа порака стигне до тебе, нека те гушне место мене, нека те бакне на овој ден и нека ти посака СРЕЌЕН РОДЕНДЕН.
-
Посебен ден…
Изгледа како и секој ден. Но е посебен. Бидејќи ти е роденден. Имај добро здравје, среќа, и смеј се, затоа што насмевката ти е најубава облека!
-
Ти посакувам…
Ти посакувам здравје, затоа што без него – ништо друго нема значење. Несопирлив стремеж кон знаење, затоа што тоа ќе те научи на вистинските вредности на животот и како да се заштитиш од бедите на следната желба – љубовта, затоа што тоа е доволно добра цел во животот.
-
Мислам само на тебе…
Низ мојот живот минуваат луѓе и оставаат некоја трага, но ти си нешто навистина посебно. Илјадници луѓе слават роденден денес, но јас мислам само на тебе, срце мое.
-
Денес е твој ден…
Денес е твој ден,денес ти е роденден!Ти посакувам многу здравје,среќа и љубов!Срекен роденден! – Испратено од Елена
-
Љубовта е активна…
ЉУБОВТА е активна грижа за животот и развојот на личноста која ја сакаме !!!
-
Светот им прави пат…
Светот им прави пат само на оние кои знаат каде чекорат. Еден од нив биди и ти, нека светот ти ги отвори патиштата до сите твои желби и убавини. Човек е најсреќен кога му се исполнуваат желбите. Затоа од сè срце ти посакувам сите твои желби да ти се исполнат! Среќен роденден!
-
Ти посакувам да…
Ти посакувам да го најдеш она што го посакуваш, да го познаеш веднаш штом ќе го погледнеш, да имаш среќа да го добиеш и способност да го зачуваш засекогаш до себе. Среќен роденден!!!